На 2-ри април во СВР Битола, 82-годишна жена од Битола пријавила дека истиот ден околу 10:30 часот била измамена од непознато лице.
Според пријавеното, во нејзиниот дом во Битола лицето и понудило огревно дрво по цена од 2500 денари за метар кубен.
Таа му дала 10.000 денари, а тој требало за 20 минути да и донесе четири метри кубни огревно дрво.
Лицето не се појавило подолго време и таа заклучила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.