На 27.06.2018 година околу 22:30 часот било пријавено дека во с.Рибарци-битолско во куќата сопственост на Г.Р.(80) преку прозорецот влегле две непознати маскирани лица.
Со закана со нож и одзеле 500 американски долари, 500 австралиски долари и 20.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.