Хроника 26. ноември 2018. / 20:32

„Стари, фала за сè и збогум“ – Угро се прости од својот татко

„Стари, фала за сè и збогум“ – Угро се прости од својот татко

Вчера почина Слободан Угриновски, таткото на поранешниот пејач Никола Угриновски – Угро и претседател на партијата Титови леви сили,потврди пејачот. Пејачот преку „Фејсбук“ се прости од татка си и му се заблагодари за сè што направил за него во животот.

-Почитувани роднини, пријатели и сите останати, со огромна болка и тага ви соопштувам дека татко ми, Слободан Угриновски, ненадејно почина ноќеска. Погребот ќе биде денеска и ќе биде извршен закопот на посмртните останки на гробиштата во Бутел. Стари, фала за сè и збогум, твојот син. – напиша Угро.