Во 15,30 часот во Полициската станица Прилеп, 84-годишниот Ѓ.И. пријавил дека истиот ден на градскиот пазар од страна на две непознати лица му била извршена измама при што му одзеле 7.000 франци и 150.000 денари.
Имено лицата под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златара, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.