Хроника 19. август 2019. / 13:14

Старец додека седел со пријателката, нејзиниот син и невенчан сопруг го нападнале физички и го ограбиле

Старец додека седел со пријателката, нејзиниот син и невенчан сопруг го нападнале физички и го ограбиле

Седумдесет и двегодишниот М.А. од гостиварското село Равен, вчера пријавил физичко насилство извршено над него.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека вчера околу 20:30 часот додека М.А. со пријателка бил во својот дом, влегле нејзиниот син и невенчан сопруг, физички го нападнале, му одзеле пари и златен накит.

Јосифоски посочува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.