Во текот на вчерашниот ден во 14: 30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје, патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, удрило во пешакот Р.Ц.(61) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.
Во незгодата Р.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.