Вчера во 18.00 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(34) од Скопје, удрило во пешакот Ф.А.(22) од Република Србија, со привремен престој во Скопје.
Од ударот пешакот Ф.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.