Хроника 04. септември 2018. / 11:58

Србин тешко повреден на патот Градско-Прилеп

Србин тешко повреден на патот Градско-Прилеп

Српски државјанин, кој возел влекач „Сканија“ со полуприколка, вчера попладне излетал од патот Градско-Прилеп и паднал во провалија.

МВР денеска соопшти дека несреќата се случила во 16 часот, а 41-годишниот возач С.П. се здобил со тешки телесни повреди и со возила на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Прилеп каде е задржан на лекување.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Дваесет и четиригодишен возач на мопед „пјаџо тајфун“ се здобил со тешки телесни повреди откако синоќа изгубил контрола на булеварот „Авној“ во Скопје и паднал на коловозот.

Несреќата се случила во 20:30 часот, а повредениот К.А. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.