Хроника

Сопственик на скопски кафич прободен со нож

Сопственик на скопски кафич прободен со нож

Двајца дваесетгодишни скопјани добија кривични пријави поради тоа што изминатиот викенд физички нападнале и со нож прободеле сопственик на локал во населбата Драчево, како и негов пријател.

Како што информираа во средата од Министерсвото за внатрешни работи, Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 23 годишниот Е.Р. и 21-годишниот А.Т., и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”.

Инцидентот се случил на 7-ми овој месец, околи 22.30 часот во кафе-бар на улицата „Иван Хаџи Николов“, додека сопственикот седел со пријател, кога дошле осомничените и физички ги нападнале, при што на нападнати им биле нанесени и повреди со нож во пределот на градниот кош.

Нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Веднаш по инцидентот, сторителите биле приведени и задржани во полициска станица.