Хроника 13. февруари 2020. / 10:41

Сопружници пронајдени мртви во нивниот дом во Кратово

Сопружници пронајдени мртви во нивниот дом во Кратово

Итната медицинска помош пријавила во Одделението за внатрешни работи Кратово дека на улицата „Глигор Пазавански“, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати 67-годишниот М.И. и неговата 66-годишна сопруга Д.И.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а како што е наведено во полицискиот билтен, извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.