Хроника 23. април 2018. / 12:13

Сообраќајна несреќа го блокираше мостот Гоце Делчев во Скопје

Сообраќајна несреќа го блокираше мостот Гоце Делчев во Скопје

Помала сообраќајна несреќа утрово предизвика проблеми во сообраќајот на булеварот кај мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје.

Очевидци велат да се судриле два автомобили и дека е предизвикана помала материјална штета без повредени.

Од МВР се уште нема информации за случајот.

Сообраќајот на целиот потег од мостот Гоце Делчев па се до раскрсницата пред владата се одвива многу отежнато со блокирана коловозна лента.