Хроника 19. мај 2018. / 11:37

Сообраќајка во Скопје: Пешак итно пренесен во болница

Сообраќајка во Скопје: Пешак итно пренесен во болница

Во 23,00 часот во Скопје на улица „Радишанска“, 24-годишниот Б.Ф. од село Љубин, скопско, управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.

Полицијата информира дека се работи за 22-годишниот Л.А.

Од незгодата се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.