На 11 мај 2018 година околу 00.10 часот во Скопје на улица „Христијан Тодоровски Карпош” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат Линеа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј. А. и моторцил исто така со скопски ознаки управуван од О.Е.(20) од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобил О.Е., кој е пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” каде му е укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.