Хроника 25. мај 2018. / 14:01

Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес: Автомобил удри во метален браник – еден лице повредено

Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес: Автомобил удри во метален браник – еден лице повредено

Сообраќајна несреќа се случила во 05:30 часот на автопат Скопје-Велес, во близина на патарина Петровец.

Патничко возило „Пежо-206“ со скопки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот М.С. од село Петровец, скопско, удрило во метален браник и жичана ограда.

Како што информираат од МВР возачот М.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.