На регионалниот пат Тетово – село Јажинце, кај крстосницата за локалниот пат за село Лешок, вчера во 20:10 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(40) од село Добарце и патничко возило „Фолксваген Голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(64) од селоТеарце, соопштуваат од МВР.
Во незгодата Ш.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.