Хроника 20. мај 2018. / 22:32

Сонувал да го искачи највисокиот врв: Познат идентитетот на алпинистот кој почина на Еверест

Сонувал да го искачи највисокиот врв: Познат идентитетот на алпинистот кој почина на Еверест

Георги Петков од Гевгелија е македонецот кој почина при искачување на Монт Еверест, пишува SkiMacedonia.

63 годишниот Петков починал од срцев удар за време на финално искачување на врвот Еверест. Петков беше дел од експедицја под искусно водство на британецот Тим Мосдејл. Од страна на шерпасите се прават напори телото да се пренесе на пониските кампови.

Искусниот водач на експедицијата, Тим Мосдејл, претходно истакна дека сите подготовки и логистика, фиксирање на јажиња, скали, боци со кислород и аклиматизација се направени и се чека на „временски џеб“ што овозможува поволни услови за да се тргне кон врвот.

Доктор Петков се надеваше да го оствари најголемиот сон на секој алпинист, да го искачи Монт Еверест, ќе бeше првиот гевгеличанец и шестиот Македонец кој го освоил Монт Еверест. Георги Петков беше долгогодишен планинар и член на планинарското друштво Кожуф од Гевгелија.