Хроника

Сомнителна смрт на новинар: Паднал од петти кат, утврдено самоубиство, а пред тоа му го претресувале станот

Сомнителна смрт на новинар: Паднал од петти кат, утврдено самоубиство, а пред тоа му го претресувале станот

Главната и одговорна уредничка на весникот „Нов ден“ каде што работел Бородин, истиот ден рекла дека не верува дека Бородин направил самоубиство.

32 годишниот Максим Бородин, истражувачки новинар од Екатеринбург, починал од повредни здобиени кога на 12 април паднал од прозор од петти кат. Официјално неговата смрт е истражувана како самоубиство.

Портпаролот на полицијата во Сверлодската област кажа дека е „малку веројатно оваа приказна да има криминална природа“. Според неговите зборови, вратата на станот на Бородин била затворена од внатре и немало никакви знаци принуден влез. Додал дека клучевите од станот се пронајдени внатре и дека не е пронајдена последна порака.

Полина Румјанчева, главната и одговорна уредничка на весникот „Нов ден“ каде што работел Бородин, истиот ден рекла дека не верува дека Бородин направил самоубиство.

Меѓутоа, еден час подоцна Бородин повторно контактирал со нив и му кажал дека погрешил и дека службениците од обезбедувањето изведувале некоја вид на вежба.

-Не му се јавив после тоа, иако го чекав да напише нешто на Фејсбук, но ништо не напиша, а на 13 април медиумите објавија дека Максим е пронајден под неговата тераса и дека бил во брза помош, напиша Башков.

Бородин редовно пишувал за злосторствата и корупцијата. Во последните неколку недели пишувал и за смртта на руските платеници кои се борат во Сирија, идентификувајќи неколку борци од уралскиот град Асбест, кои се убиени.