Во 23 часот и 15 минути на магистралниот пат Штип –Делчево, кај местото “Стара река“ – атар на селото Чифлик, кочанско, 26-годишниот Т.Ј. управувајќи мотоцикл “Сузуки“ излетал од патот.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека неговиот сопатник, 17-годишниот З.И. од Чифлик се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Кочани.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.