Хроника 29. април 2019. / 12:13

Со мотоцикл удрил во куќа во Битола

Со мотоцикл удрил во куќа во Битола

Ноќеска по полноќ во с.Буково, битолско, С.Г.(32) управувајќи мотоцикл „Јамаха ДТ-200 Р“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќата сопственост на Р.М. од с.Буково.

Во незгодата, возачот С.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.