Хроника 08. октомври 2018. / 16:28

Со метална шипка претепано 22-годишно момче во Скопје

Со метална шипка претепано 22-годишно момче во Скопје

Вчера околу 12.30 часот во Скопје на улица Брсјачка буна додека Ф.А.(22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата.

Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи. Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.

Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.