Хроника 26. јули 2020. / 15:34

Со лажна дупликат платежна картичка потрошил 135.000 денари

Со лажна дупликат платежна картичка потрошил 135.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.С.(21) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Во текот на декември 2018 година, пријавениот искористил одлична можности и прибавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и податоци за носителот на платежната картичка и ги искористил при вршење на 11 успешни интернет трансакции кон странски интернет продажни места, со што го оштетил сопственикот на платежната картичка за износ од 134.493 денари.