Хроника 29. август 2018. / 15:52

Со фалсификувани 100 евра купил цигари

Со фалсификувани 100 евра купил цигари

Непознато лице пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, вчера во киоск во Гостивар.

Случајот во полиција го пријавила продавачката од киоскот на улицата 18 Ноември. Според пријавата, дента околу 15.30 часот во објектот влегол непознат маж и купил две штеки цигари, а потоа и дал банкнота од 100 евра, а продавачката му вратила 3.300 денари.

По кратко продавачката утврдила дека банкнотата е фалсификувана по што ја известила полицијата.