Вчера во 19,00 часот во Шуто Оризари, Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од О.К. (40) од с.Визбегово-Скопје, удрило во паркирани товарни возила „Ман“ со скопски регистарски ознаки и работна машина „Липкер-914“.
Со возило на Итна медицинска помош двајцата сопатници од патничкото моторно возило „Мерцедес“ -Е.К. (17) и Н.Ш. (24) од с.Визбегово-Скопје, биле пренесени во Ургентен центар -Скопје, каде на Е.К. му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, а кај Н.Ш. се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Увид извршила екипа од СВР-Скопје.