Хроника 18. февруари 2021. / 22:40

Со 50 евра сакал да подмити полицаец и да влезе во Македонија со дете

Со 50 евра сакал да подмити полицаец и да влезе во Македонија со дете

На граничниот премин Блато, при влез во Република С. Македонија, денеска полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, соопштија од МВР.

– При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете. А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, појаснуваат од МВР.