Хроника 19. август 2020. / 12:05

Снимките потврдиле: Нефи Усеини го тепал Топалоски со пиштол, МВР најавува кривична пријава

Снимките потврдиле: Нефи Усеини го тепал Топалоски со пиштол, МВР најавува кривична пријава

Охридската полиција констатирала дека бил употребен пиштол во нападот на Спире Топалоски од страна на Нефи Усеини, неговиот брат и уште две лица, пишува „А1он“.

Неофицијално, ова било потврдено по прегледот на снимките од видео надзорот, кои се одземени од хотелот каде вчера се случи инцидентот.

Полицијата извршила и разговори со очевидци, односно лица кои се затекнале таму во време кога Топалоски бил нападнат. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава против Усеини, по што, случајот ќе треба да го процесира Обвинителството.