Во затворот во Шуто Оризари се уште трае анализата на случувањата, кои им претходеле на инцинетите во кои беа нападнати Миле Јанакиески и Спиро Ристoвски. Извештајот треба да биде готов до утре.
Викедов се прегледувале снимки на кои се забележани пропусти на определени членови на затворското обезбедување, тврдат за Телма од затворот во Шуто Оризари. Проверувана е и комуникација на притворениците Јанакиески и Ристовски по доаѓањето во затворот, како и однесувањето на двајцата припадници на кумановската група Есад Кафеџоли и Лирим Красниќи.
Двајцата поранешни министри Јанакиески и Ристовски се жалеа на потешки повреди, но по лекарските прегледи беа вратени во ќелија. Во меѓувреме Јанакиески е пуштен во домашен притвор, а директорот на затворот Ѓоко Котески најави дека со извештајот ќе си поднесе и оставка.
Од ВМРО-ДПМНЕ и денска обвинија дека не се води истрага за нападот на поранешните министри.