Хроника 11. март 2019. / 14:33

Случајно или намерно? Гори трската на струшкото крајбрежје

Случајно или намерно? Гори трската на струшкото крајбрежје

Повторно гори трската кај струшкото крајбрежје. Во објавата на Фејсбук страницата VOX Struga пишува дека на местото забележале двајца пожарникари кои не преземаат ништо за гаснење на пожарот.

Исто така палење на трската имаше и во текот на изминатиот викенд. Од еко-здружението Охрид-SOS на својот Фејсбук профил напишаа дека било известено Министерството за внатрешни работи, но оттаму добиле одговор дека не биле надлежни за проблемот.