Хроника 01. септември 2020. / 11:56

Случај ТНТ: Судијата не дозволи изземање на обвинителот Рустеми

Случај ТНТ: Судијата не дозволи изземање на обвинителот Рустеми
архива

Продолжи рочиштето во случајот “ТНТ”. Одбраната на обвинетите бараа изведувањето на доказите во вид на СМС пораки и аудио разговори да се изведуваат во присиство на вешто лице кое денеска не беше присутно.

Бараме да ни се дадат сите докази и сите вештачења да се изведат од вешто лице. Исто така бараме сите докази кои не се дел од поднесокот да се внесат директно во записнокот. Сите стручни докази да се изведат од техничко лице кое ќе го одреди судот- објасни адвокатот Сашо Страшевски.

Со сличен став и адвокатот на обвинетата Елисавета Најдоска, Мерџан Даути

Бараме сите докази да се изведат еден по еден, онака како што се предоложени и од страна на Обвинителството и од страна на Судот- изјави бранителот.

Даути побара иземање на обвинителот Бурим Рустеми поради тоа што не се читаше содржината на доказите и побара прекин на денешното рочиште, на што судијата Ставрев се спротистави.

 Ќе бидете казнети, не може од мене да барате иземање. Судот тоа го отфрла- се изјасни судијата Ставрев.