Хроника

Случај „Монструм“: Родителите на убиените момчиња со солзи ја слушаа Фатиме Фетаи како го чита обвинението

Случај „Монструм“: Родителите на убиените момчиња со солзи ја слушаа Фатиме Фетаи како го чита обвинението

Во преполна судница, започна повтореното судење за предметот „Монструм“.

СЈО остана на обвинението кое го поднесе Обвинителството за организиран криминал и корупција за тероризам. Обвинителката Фатиме Фетаи го читаше обвинението, но рече дека ќе поднесат нови докази и ќе бараат измени на обвинението од фактичка и персонална природа.

Додека Фетаи го читаше старото обвинение, роднините на убиените момчиња со солзи во очите ја слушаа обвинителката.

Во судот се присутни сите обвинети, освен Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство. Почна распитот на третообвинетиот Агим Исмаиловиќ.