Моторција од Словенија е повреден во сообраќајна несреќа меѓу неколку возила која што се случила вчера околу 14.40 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.
Во судирот учествувале автобус, возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ч., мотоцикл „јамаха“ управуван од В.Р. (36) од Словенија и мотоцикл „јамаха“ управуван од С.Ш.(37), исто така од Словенија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш., кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.