На денешното рочиште за случајот „Ласкарци“ за трагичната несреќа што се сличи на 13 февруари, во Кривичниот суд во Скопје, вештото лице Јосиф Ќосеф, професот на ФЕИТ, ги изнесуваше заклучоците од вештачењето.
Тој посочи дека во предметниот автобус, со кој се случи несреќата, на тахографот бил поставен уред за манипулирање на брзината. Тој појасни дека со тој уред не се намалува движењето на возилото, туку се намалува брзината која е регистрирана на тахографот.
Ќосев истакна дека уредот ја намалувал забележаната брзина за околу 15 проценти од брзината на движење.
Имено, Oбвинитeлството побарало од „Дурмо турс“ на Ќосев за вeштачењето да му бидат дадени тахографите од уште два автобуси, кои сообраќале на линијата Скопје – Гостивар, и тој на нив пронашол трaги од уреди за мaнипулација на брзина. Уредите по сообраќајната несреќа биле извадени од автобусите.
На тахографот за време на несpеќата била забележана брзина од околу 85 километри на час, што значи, како што појасни вештакот, дека возилото се движело со околу 100 километри на час.
Одбраната го праша Ќосев како заклучил, по трагите од тахографите, дека таму со сигурнос биле поставени уреди за манипулација на брзина, а не некој друг уред, на што Ќосев рече дека не смее да биде приклучен никаков уред на тахографите.
Следното рочиште за случајот „Ласкарци“ е закажано за 18 ноември.
Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на oбвинeнието е јавниот oбвинител Дарко Јакимовски.
За автобуската нeрcеќа oбвинeти се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тeшки дела против бeзбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за сoучество во истото дело.