Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот „Борис Трајковски” во Скопје. Додека М.Ј. точел гориво во неговото возило позади него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 18,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски меѓу В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од друга страна.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.