На 01.03.2019 во 09,40 часот, Н. Д. (39) од Скопје, пријавил дека на 28.02.2019 година околу 23,30 часот на бул.„Асном“, одстрана на две лица бил нападнат и му било извршено разбојништво.
На 01.02.2019 околу 21,30 часот полициски службеници кои постапувале по пријава- поплака од К. Ш. од Скопје за нејзиниот сопруг С. Л. (48), биле нападнати од С.Л.. При обид да го лишат од слобода, С.Л. го стартувал возилото и удрил во полициски службеник, кој се здобил со телесни повреди. С.Л. е приведен во ПС-Гази Баба. Против С.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.03.2019 година околу 03,35 часот во Скопје пријавено е дека на ул.Призренска Д.К. со употреба на физичка сила од М. О. (40) одзел паричник, по што избегал.Се преземат мерки за расчисување на случајот.
На 02-03-2019 год во 01:15 ч. С.Г (39) од Скопје пријавил дека во нас.Илинден пред угостителски објект била физички нападната неговата сопруга М.Г(40)од Скопје од страна на С.Д(49) од Скопје. Потоа С.Г и М.Г се качиле во своето возило и се упатиле кон автопатот, а по нив тргнале напаѓачот и неколку други лица, при што удриле во задниот дел од возилото на С.Г. Се работи на целосно расчистување на случајот.