Хроника 24. јануари 2019. / 16:00

Скопје: Eдномесечно бебе пронајдено мртво

Скопје: Eдномесечно бебе пронајдено мртво

Морничава глетка се случила вчера во скопското село Љуботен, татко си го пронајде своето бебе мртво.

Според информациите на полцијата, вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.О.(22) од село Љуботен, скопско, пријавил дека истиот ден околу 10:00 часот во куќата во село Сингелиќ, скопско, го пронашле починато нивното едномесечно машко бебе.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.