Скопјанка се здобила со тешки повреди и е пренесена во болница, откако паднала во автобус на ЈСП.
Настанот се случил на булеварот „Партизански одреди“, во близина на мостот „Обединети Нации“.
-Вчера во 17.20 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, во близина на мост „Обединети Нации“, Т.Ј. од Скопје, додека се превезувала во автобус „ман“, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.