М.К.(47) од Скопје вчера во 14.30 часот во СВР Скопје пријавила дека на 24 декември 2019 во 20.15 часот на ул.„Љубљанска“ била удрена од едно лице кое управувало електричен тротинет.
Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ ѝ била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.