Хроника 01. јануари 2020. / 18:47

Скопјанка починала во автомобил пред поликлиниката „Јане Сандански”

Скопјанка починала во автомобил пред поликлиниката „Јане Сандански”

Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг помеѓу поликлиника „Јане Сандански“ и црквата „Св.Илија“, во патничко возило „хјундаи туксон“, со скопски регистарски ознаки, починала Ф.Ц.(48) од Скопје, која била донесена од нејзиниот сопруг Е.Ц.(52) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.