Скопјанка вчера била физички нападната во автобус со број 5.
Вчера во 22 часот и 30 минути во Единицата за информации и команда Скопје, 35- годишната И.А од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.00 часот физички била нападната од непознато лице во автобус бр. 5 на Јавното сообраќајно претпријатие.
И.А. повикала полиција и напаѓачот бил приведен во полициска станица. Се работи за лицето Д.Х. (64) од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.