Хроника 04. јули 2018. / 14:10

Скопјанка киднапирана и претепана од поранешниот девер

Скопјанка киднапирана и претепана од поранешниот девер

Во Полициската станица Карпош, вчера околу 19 часот, М.М. (30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.30 часот во „Жена Парк“ во Скопје, поранешниот девер Ф.Р. од населба Злокуќани, со употреба на физичка сила ја внел во неговото возило и ја однел во населба Злокуќани, во домот на Ш.С., нејзин поранешен сопруг со кого живеела во вонбрачна заедница.

Потоа Ф.Р. физички ја нападнал, а во еден момент М.М. успеала да избега и се упатила во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.