Триесет и осумгодишен скопјанец е во домашен притвор, откако судија на претходна постапка по барање на обвинителството му ја одредило оваа мерка.
Како што денес известија од Јавното обвинителство, скопјанецот е осомничен за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Кај него дома се пронајдени 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство.
Куршумите биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.