Хроника

Скопјанец украл „пасат“, па изнудувал 2.000 евра од сопственикот за да му го врати

Скопјанец украл „пасат“, па изнудувал 2.000 евра од сопственикот за да му го врати

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против В.П. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“, казниво по член 236 и „изнуда“, казниво по член 258 од Кривичниот законик.

Тој на 5 јануари околу 16.15 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје украл „фолксваген пасат“ сопственост на З.Ц. (50) од Скопје, по што заминал во непознат правец. Потоа, за истото возило, со закана дека ќе го расклопи на делови доколку не му бидат дадени 2.000 евра, го принудил оштетениот да ги плати парите за да си го поврати украденото возило.

На 8 јануари оштетениот скопјанец и негов пријател се сретнале со крадецот, кој откако ги добил парите им кажал дека возилото ќе било донесено кај слаткарница во Стопански Двор. По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници на 15 февруари во полициска станица во Скопје, во присуство на Јавен обвинител, било извршено препознавање на пријавениот.