Хроника 21. мај 2019. / 22:43

Скопјанец украл банкарска картичка и од банкомат повлекол 55.000 денари

Скопјанец украл банкарска картичка и од банкомат повлекол 55.000 денари

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против 34-годишниот Ј.И. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Во периодот од 9 до 12 јануари годинава од возило на А.А. одзел лични документи и банкарска картичка, по што од банкомати во Радовиш повлекол 55.000 денари.