Хроника 07. август 2019. / 10:41

Скопјанец тешко се повредил на Водно

Скопјанец тешко се повредил на Водно

Скопјанецот Г.А.(39) се здобил со тешки повреди управувајќи велосипед „Крос“, Според информациите од полицијата, додека возел изгубил контрола и паднал.

При што се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во комплексот клиники “Мајка Тереза“.Несреќата се случила вчера во 21:30 часот на локалниот пат Скопје – Водно.