Хроника 10. јуни 2018. / 14:20

Скопјанец со тешки повреди пренесен на Клиника

Вчера околу 12 часот и 30 минути во Комплекс клиники “Мајка Тереза” бил донесен 31- годишниот М.К од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди при работа на градилиште.

-Од извршениот разговор со повреденото лице е констатирано дека околу 12,30 часот додека извршувал работни задачи на градилиштето, од силниот ветар една даска му паднала на левото стапало при што истиот се здобил со скршеници, велат од МВР.