Хроника 13. јули 2018. / 16:48

Скопјанец со „Јагуар“ дивеел низ Партизанска – претепал друг возач и му го скршил стаклото од возилото

Скопјанец со „Јагуар“ дивеел низ Партизанска – претепал друг возач и му го скршил стаклото од возилото

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 10:30 часот било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“ поради недоразбирање во сообраќајот, 47-годишниот И.П. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Јагуар“ со скопски регистерски таблици му го пресекол патот на патничко моторно возило „Фиат Сеченто“ со скопски регистерски таблици управувано од 47-годишниот И.А.од Скопје.

Потоа И.П. излегол од возилото и му го скршил стаклото од вратата на другото возило и физички го нападнал И.А. по што го напуштил местото на настанот.

И.П. по кратко време бил пронајден и приведен од страна на полициски службеници во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.