Едно лице почина откако падна од зграда во Аеродром. Во пријавата до полицијата која пристигна во петокот во 12:40 часот се вели дека лицето се фрлило од зграда на булеварот „Јане Сандански.
Фактор дознава дека станува збор за 34-годишен скопјанец кој самиот си го одзел животот скокајќи од висококатницата.
Тие што го познаваат за Фактор рекле дека долги години наназад имал проблеми со дрога. Уште во осново училиште прво посегнал по марихуана, а подоцна преминал на хероин.
Во последните години се повеќе имал кризни ситуации, и тешки психички проблеми.