Во текот на вечерните часови на вчерашниот ден пред маркет на скопската улица „Лазо Трповски“ настанала расправија меѓу три лица поради нерасчистени долгови.
Како што информираат од МВР, во расправијата учествувале 23-годишниот Б.Б. и 20-годишниот Р.Б. од една страна и 51-годишниот К.И. од друга, инаку сите од Скопје.
Во еден момент 51-годишникот извадил пиштол, при што Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот од раката.
Потоа, К.И. почнал да пука кон соперниците, но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и 51-годишникот го напуштил местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на пукачот и за целосно расчистување на случајот.