Хроника 19. јули 2020. / 20:03

Скопјанец пријавил оштетување од искпукано зрно од огнено оружје

Скопјанец пријавил оштетување од искпукано зрно од огнено оружје

На 18.07.2020 во 11:30 часот во Полициска станица Бит Пазар, М.К.(45) од Скопје пријавил дека околу 11:00 часот забележал дека на неговата куќа на ул.Панче Неделковски на кровната конструкција имало оштетување од искпукано зрно од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и подигнала едно зрно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.