Хроника 19. ноември 2018. / 14:28

Скопјанец пријавил дека го нема соседот со денови, полицијата го пронашла починат во својот стан

Скопјанец пријавил дека го нема соседот со денови, полицијата го пронашла починат во својот стан

Скопјанец пријавил во полиција дека неколку дена не го видел својот сосед, а потоа во станот на лицето бил пронајден починат.

Еве ги деталите од МВР:

На 18.11.2018 година во 11.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, К.Ц.(59) пријавил дека неколку дена не го видел неговиот сосед С.Џ.(77). По добиената пријава полициски службеници отишле во станот на С.Џ. и го пронашле починат. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институт за судска медицина.