Хроника 13. август 2018. / 18:24

Скопјанец претепан во својот дом

Скопјанец претепан во својот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава Д.Т. (30) и З.Т. (34), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 15.03.2018 година околу 22.30 часот пријавените влегле во дворот на Д.С. (37) од Скопје на локалниот пат за село Љубанци, ја отвориле влезната врата од куќата и физички го нападнале Д.С. нанесувајќи му повреди по телото.